SOS Children’s Villages International
Секое дете расте во семејство, опкружено со љубов, почитување и чувство на сигурност.
Ние создаваме семејства за децата во ризик, им помагаме да ја изградат својата иднина и придонесуваме за развојот на заедниците.
СОС Детско село Северна Македонија го проширува својот тим во нови канцеларии во
Струмица (2 позиции) и
Кавадарци (2 позиции)
Имаме потреба од социјални работници или психолози, педагози и специјални едукатори/рехабилитатори кои ќе работат како поддршка на згрижувачките семејства.
Клучни одговорности:
- Стручните работници ќе учествуваат во проценка на кандидатите за згрижувачко семејство и ќе спроведуваат советувања согласно проценети потреби;
- Ќе вршат редовен увид на спроведување на стандардите за задоволување на потребите на корисникот во згрижувачко семејство;
- Ќе одржуваат редовна комуникација со згрижувачките семејства и ќе ја координираат мрежата за поддршка за згрижувачките семејства;
- Ќе одржуваат редовна комуникација со Центрите за социјална работа за потребите на згрижувачките семејства, старателот и водителот на случај за сместен корисник;
- Ја водат имплементацијата на Политиката за обезбедување безбедност на деца и млади.
Што е потребно?
- Високо образование: социјален работник, психолог, педагог, специјален едукатор/рехабилитатор);
- Работно искуство во областа на заштита на деца (социјална заштита) ќе се смета за предност;
- Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство;
- Познавања на детските права;
- Активно познавање на работа на компјутер;
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач);
- Добри комуникациски и организациски вештини;
- Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност;
- Способност за самостојна и тимска работа.
Услови за работа:
- Работа на неопределено време (прв договор во траење од 1 година, со можност за продолжување)
- Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, тим билдинг)
- Можност за работа од дома (1 ден во неделата)
Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 09.09.2024 година.
Доколку сте подготвени да направите разлика во животот на децата и да придонесете за безбедна и негувачка средина, ве покануваме да се придружите на нашиот посветен тим. Заедно, да изградиме иднина каде секое дете ќе биде заштитено и ќе може да напредува.
Аплицирајте за да бидете витален дел од СОС Детските села и да помогнете во обликувањето на посветла иднина за децата и младите!
Apply
To help us track our recruitment effort, please indicate in your cover/motivation letter where (globalvacancies.org) you saw this job posting.